Бизнис

Живејачката поскапа во февруари, синдикалната кошница над 1.100 евра – на што се должи тоа?!

Минималната синдикална кошничка повторно порасна. Во февруари, за основните трошоци на едно четиричлено семејство биле потребни 67.382 денари, речиси 1.000 повеќе од јануари. Според пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија, растот за само еден месец изнесува 969 денари.

За да си ги обезбеди основните потреби, на едно четиричлено семејство овој месец му биле потребни 67 382 денари. Тоа, како што објави Сојузот на синдикати на Македонија, е зголемување на минималната синдикална кошничка за 969 денари во споредба со претходниот месец. Според пресметките на ССМ, во февруари едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 25 156 денари, а за таа намена претходниот месец биле потребни 24 211 денари.

За облека и обувки 5 992 денари, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6 338 денари, за лична хигиена и одржување на хигиена во домот 2 665 денари, за здравје 1 185 денари и за транспорт 4 615 денари.

За комуникација на едно четиричлено семејство во февруари му биле неопходни 3 417 денари од вкупниот износ на минималната кошничка, за рекреација и култура 5 592 денари, за образование 7 192 денари, за ресторани и хотели 4 130 денари, а за останати стоки и услуги 1 100 денари.

Пресметките на ССМ покажуваат дека на оние семејства што живеат во стан под кирија потребни им се дополнителни 21 713 денари. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, вели дека за два месеца од почетокот на годината, најавеното усогласување на минималната плата што треба да биде во март е изедено со растот на минималната синдикална кошничка. Поради ова, Трендафилов повторно ја повика власта да изгласа 600 евра минималец и по 100 евра плус за останатите плати. Опозицискиот СДСМ поднесе речиси идентиќен закон во Собрание, кој на дневен ред е денеска.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска претходно изјави дека инфлаторните притисоци се последица на политики од претходната власт и надворешни фактори, оценувајќи дека процесот на стабилизирање не може да се случи преку ноќ.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top