Бизнис

Цената на гасот во Европа скокна за дури 171%

Првиот регулатор вели дека со почнување на грејната сезона и во земјава доколку не се смири пазарот, снабдувачот со парно топлинска енергија ќе почне да ги чувствува промените на цената на гасот и ќе побараат интервенција во калкулациите за цената на парното.

Цената на природниот гас на европскиот пазар од почетокот на годинава порасна за 171%, покажуваат податоците од стоковите берзи. Тековната цена на референтниот холандски природен гас на берзата TTF изнесува околу 76 евра за мегават-час (MWh) за ноемвриските фјучерси, 74,5 евра за декемвриските фјучерси. Слични се цените и за фјучерсите за јануари и февруари, објави Плусинфо. Овие цени најавуваат турболентна грејна сезона не само во Европа каде што резервите не се на посакуваното ниво, но и кај нас иако цената на парното веќе е утврдена и не зависи од берзанската цена. На ова предупреди деновиве и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Ацо Ристов.

Ристов потсети дека цената на топлинската енергија за домаќинствата е зголемена во просек за 5,96 отсто и дека актуелните цени се формирани со влезни параметри за природниот гас кои значително се разликуваат од денешните берзански цени.

  • Кога ги формиравме цените кои важат од први август, влезните параметри на гасот беа различни. Во тој момент калкулиравме со околу 40 евра за мегават-час за набавната цена на гасот, а денеска на берзите веќе е 70-72, па беше и до 80- рече Ристов.

Според него, засега високата цена на гасот не се чувствува целосно кај компаниите за производство и дистрибуција на топлинска енергија, бидејќи грејната сезона сè уште не е започната. Но, доколку цената остане на ова ниво, компаниите би можеле да побараат нова пресметка.

  • Уште не е почната грејната сезона, па компаниите не го чувствуваат како удар, бидејќи не почнале да трошат од гасот. Меѓутоа, со почнување на грејната сезона и доколку не се смири пазарот, тие сигурно ќе побараат од нас интервенција во калкулациите – објасни Ристов.

Тој појасни дека евентуалната нова пресметка автоматски не значи и зголемување или намалување на цената на топлинската енергија. Цената, како што рече, се формира врз основа на повеќе елементи, меѓу кои оперативните трошоци и трошоците за набавка на енергенсите. РКЕ ги зема предвид просечните набавни цени од повеќе компании што увезуваат гас. Регулаторите, според она што го рече Ристо, прават анализа на пресметка на цената на гасот според цените на берзата, а не според влезните цени.

Најнови вести од: Бизнис

Можно ли е во Македонија да се работи четири дена во неделата?!

Просечната потрошувачка кошница во септември изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари или 0,6 проценти помалку во однос на август, но за 1.736 денари, односно 3,1 процент повеќе во споредба со јануари годинава. Ова беше истакнато на седницата на Економско-социјалниот совет, на која социјалните партнери дискутираа и за неработните денови, работата во недела, можноста за воведување четиридневна работна недела и регулирањето на пензискиот стаж.

Алармантна е состојбата со безбедносниот систем во ПИОМ – Андоновски рече дека експерти работат на негова заштита

Државниот завод за ревизија веќе има дадено конкретни препораки до Фондот за пензиското и инвалидското осигурување за тоа како да ги надмине утврдените недостатоци.

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

To top