Бизнис

Усвоена Стратегијата за управување со јавниот долг 2027-2029, тој останува стабилен и одржлив

Стратегијата предвидува постепено стабилизирање и намалување на јавниот долг, кој според проекциите во 2031 година ќе се намали на 56,1% од БДП и ќе остане под утврдениот праг од 60% од БДП.

Владата на предлог на Министерството за финансии, на последната седница, ја усвои Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, со изгледи до 2031 година. Со Стратегијата се потврдува определбата за одговорно и внимателно управување со јавните финансии, одржување  стабилно ниво на јавниот долг и обезбедување средства за реализација на развојните проекти, соопшти Министерството за финансии. Стратегијата предвидува постепено стабилизирање и намалување на јавниот долг, кој според проекциите во 2031 година ќе се намали на 56,1% од БДП и ќе остане под утврдениот праг од 60% од БДП. Документот ги утврдува насоките за финансирање на буџетските потреби, отплата на претходно преземени обврски и реализација на капитални инвестиции, при што фокусот останува на зачувување на фискалната стабилност и одржливоста на јавните финансии.

Во следниот период дел од средствата ќе бидат наменети за реализација на тековните инвестиции и инфраструктурни проекти, а дел за сервисирање и рефинансирање на претходно преземени долгови што достасуваат за отплата. Во Стратегијата е наведено дека за отплата достасуваат 500 милиони евра во 2027 година, 700 милиони евра во 2028 година и 500 милиони евра во 2030 година по основ на претходно издадени еврообврзници.

Среднорочната политика за управување со јавниот долг има за цел обезбедување финансиски средства по најповолни услови, со внимателно управување со ризиците и натамошен развој на домашниот финансиски пазар. Со усвојувањето на Стратегијата, Министерството за финансии продолжува со политика на прудентно и одговорно управување со јавниот долг, насочена кон стабилни јавни финансии, поддршка на економскиот раст и сигурно финансирање на буџетските потреби.

Имено, согласно последните објавени податоци за нивото на долгот, заклучно со 30 април 2026 година, државниот долг изнесува 51,5% од БДП и бележи намалување од 0,4 п.п. во споредба со состојбата на крајот на март 2026 година. Намалување е регистрирано и во апсолутен износ, односно од 9,473 милијарди евра колку што изнесувал на 31 март, е намален на 9,398 милијарди евра. Јавниот долг согласно последниот објавен податок на крајот на март изнесува 58,9% од БДП.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top