Бизнис

(Видео): Активно се работи на Коридор 8, во фокус и патиштата и железницата

Коридорот 8 се гради со полна пареа. Објавен е тендерот за избор на надзор за третата фаза од пругата кон Бугарија, а за скоро треба се објави и тендерот за избор на изведувач, што значи дека летово ќе почнат работите на терен. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на состанок со претставници на делегацијата на европската унија ги дискутираат следните чекори.

Коридорот 8 го градиме со силна динамика и во делот на автопатиштата и во делот на железницата. На време ќе ја завршиме изградбата на пругата кон Бугарија, онака како што ветивме и како што постигнавме договор со Бугарија. За изградбата за тунелот ќе продолжиме онаму каде што застанавме со вицепремиерот Караџов. Во западниот дел планираме реконструкција на целата пруга од Скопје преку Јегуновце-Гостивар до Кичево. За делот до границата со Албанија имаме планови и волја, но интерес треба да покаже и другата страна, истакна вицепремиерот Николоски.

Иако првично беше најавено дека претставниците на УНЕСКО ќе пристигнат во средината на мај, денес министерот за транспорт Александар Николоски изјави дека, по нивно барање, посетата може да се реализира во средината на јуни.

  • Предизвикот што го имаме со УНЕСКО, сакам да бидам јасен, не е доведено во прашање дали до Струга или Ќафасан ќе имаме автопатско решение, туку прашањето е по која траса ќе се движиме и тоа ќе го дискутираме денес со претставниците на ЕУ и за време на посетата на делегацијата на УНЕСКО, кои дадоа два термина – крајот на мај или средината на јуни, и заеднички ќе најдеме решение, изјави министерот Николоски.
Заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија, Бен Нупнау, рече дека Коридорот 8 претставува стратешки потег со значајни придобивки за граѓаните и земјите во регионот, нагласувајќи го неговото безбедносно значење во услови на актуелната геополитичка криза. Нупнау ја охрабри владата дека има пари за реализација на проектот без непотребни одолговлекувања или одлагања.
  • Треба да ја истакнам стратешката важност на Коридорот 8, бидејќи од него ќе имаат корист и граѓаните и државите кои се дел од него. Прво, во услови на геополитичка криза каква што имаме денес, ќе го нагласам безбедносниот аспект, бидејќи преку овој коридор ќе се поврзат две мориња, што ќе го олесни сообраќајот, односно ќе ја зголеми воената мобилност меѓу овие земји, што претставува важна компонента за безбедноста на земјите-членки на НАТО и ќе ја зголеми безбедноста на целиот европски континент, изјави заменик амбасадорот на ЕУ, Бен Нупнау.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

Најнови вести

To top