Бизнис

(Видео): Храната поскапела за 1%, на удар транспортните услуги кои ќе влијаат во крајната инфлација за април, вели премиерот

Најмногу се зголемени транспортните услуги и секако тие ќе влијаат во крајниот износ на инфлацијата за април, која очекувам да излезе деновиве – рече Мицкосцки. Тој посочи дека има зголемена инфлација и во еврозоната. Во Бугарија е веќе над 6 отсто, Хрватска се движи околу 6, а Грција околу 5.

Цената на храната е зголемена под 1 отсто во април во споредба со март 2026 година, покажуваат анализите на Владата што ги прави врз основа на добиентите бројки од Државниот пазарен инспекторат, рече премиерот Христијан Мицкоски.

  • Најмногу се зголемени транспортните услуги и секако тие ќе влијаат во крајниот износ на инфлацијата за април, која очекувам да излезе деновиве – рече Мицкосцки.

Премиерот Мицкоски посочи дека има зголемена инфлација и во еврозоната. Во Бугарија е веќе над 6 отсто, Хрватска се движи околу 6, а Грција околу 5.

  • Нема како ние да останеме имуни на ова. Имајќи предвид минатата година овој период, имавме и велигденска кошница. Но, очекувам сето ова да се стабилизира во овој тековен месец и веќе од следниот да имаме инфалција, која ќе биде под 4 %, а доколку имаме стабилизирање на состојбите во Иран, во Заливот, тогаш очекувам да дојдеме до оние бројки што до крајот на годината ќе бидат меѓу 2 и 3 отсто – вели Мицкоски.

Прашан дали има опции за мерки и кои се, Мицкоски со одговор дека како Влада немаат голем простор за мерки, освен тоа да влијаат на данокот на додадената вредност (ДДВ). Претседателот на Владата образложи и дека ако се замрзнат цените и маржите, тогаш тие се прелеваат во другите месеци, а како што рече, „тоа се покажа како лоша мерка“. Прашан дали може таргетирани мерки за одредени производи, Мицкоски потврди дека тоа веќе го прават и како пример ги посочи вешташкото ѓубриво и течниот природен гас.

  • Така што имаме таргетирани мерки. Но сакам да кажам и тоа е многу важно да се истакне, според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ние како држава сме меѓу првите три во согласност со мерките што ги аплицираме како процент во ДДВ за време на оваа криза – истакна Мицкоски.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top