Бизнис

(Видео): Извозот е клуч за македонската економија, а Комората е гласот на бизнисот

Стопанската комора на разни начини на компаниите им обезбедува континуирана поддршка: обезбедување кредити и средства за технолошка опременост и модернизација, заеднички настап на трети пазари, учество на саеми, како и обезбедување и размена на релевантни информации.

Мојата почит спрема Стопанската комора е на највисоко ниво затоа што во неа членуваат компаниите кои го движат македонскиот извоз, компаниите кои го полнат нашиот буџет, компаниите кои нѐ водат напред. Комората е гласот на бизнисот – од дизајнирање и носење политики до детектирање проблеми и барање нивно решение. Ова го изјави Никица Мојсоска-Блажевски, потпретседател на Управниот одбор на Стопанската комора и главен извршен директор на „Македонија 2025“, во најновото издание на „Бизнис-клуб“ со претседателот на Комората Бранко Азески.

Таа посочува дека Комората е колективно тело во кое секој се грижи за своите интереси, но на крај колективниот интерес е најважен и за економијата и за државата. Притоа, потсетува дека Стопанската комора на разни начини на компаниите им обезбедува континуирана поддршка: обезбедување кредити и средства за технолошка опременост и модернизација, заеднички настап на трети пазари, учество на саеми, како и обезбедување и размена на релевантни информации.

  • „Секоја влада ја знае моќта на коморите и мора да ги ислуша и да ги консултира при носењето одлуки. Не смееме да ги заборавиме периодите на кризи во кои Стопанската комора како партнер им помогна и на компаниите и на државата“, додава Мојсоска-Блажевски.

Во продолжение на поткастот, д-р Мојсоска-Блажевски нагласи дека како мала економија Македонија својот економски раст мора да го базира на извозот, но и на инвестициите. Според неа, потребни се промена во начинот на размислување на компаниите и активна потрага по нови пазари.

  • „Можеби Западот е нашата иднина, но не смееме да го занемариме Истокот. Треба глобално да бидеме отворени за сите можности што ни ги нуди светот“, вели таа.

Во таа насока, Комората ќе развива програми за поддршка на компаниите за нивниот настап за влез на нови странски пазари, за промена на деловниот менталитет, за изработка на почетно истражување на пазарот и за изнаоѓање партнери.

Во продолжение на разговорот д-р Мојсоска-Блажевски подвлекува дека државата и Комората треба заеднички да обезбедат стабилна и предвидлива бизнис-клима преку поедноставена регулатива, заради создавање фер услови за функционирање на компаниите, но и за владеење на правото како основа за посилен приватен сектор и одржлив економски раст.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top