Бизнис

(Видео): Премиерот со лоша вест за оние кои не сакаат државата да успее: Раст на индустријата од 7,5% во април

Една од причините зошто има раст на индустријата во април, според премиерот, е и тоа што преку унгарскиот кредит слеани се финансиски средства во домашните компании каде се очекува инвестициите да бидат најмалку двојно поголеми од вложените средства.

Растот на индустријата во април е лоша вест за оние кои не сакаат државата да успее, кои создаваат хистерија и паника, шират невистини и манипулираат, вели премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги статистичките податоци за индустријата.

  • Се консолидиравме по шокот во март, кога ескалираше кризата во Заливот и се продлабочи енергетската криза. Веќе во април индустријата бележи значителен раст, односно зголемување од околу 7,4 до 7,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година, изјави денеска Мицкоски, кој присуствуваше на официјалното отворање на новата фабрика на компанијата „Brainchild“ во индустриската зона Жабени во Битола.

Една од причините зошто има раст на индустријата во април, според премиерот, е и тоа што преку унгарскиот кредит слеани се финансиски средства во домашните компании каде се очекува инвестициите да бидат најмалку двојно поголеми од вложените средства.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top