Бизнис

(Видео): Се создаваат услови знаењето да се претвори во иновации и работни места, вели премиерот

Со формирањето на Советот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, Владата најавува засилен фокус кон економијата базирана на знаење и иновации. На конститутивната седница, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Советот ќе биде инструмент на стратешка промена, преку кој науката, истражувањето и дигитализацијата ќе станат двигатели на економскиот раст.

Со формирањето на Советот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, Владата најавува засилен фокус кон економија базирана на знаење и иновации. На конститутивната седница, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Советот ќе биде инструмент на стратешка промена, преку кој науката, истражувањето и дигитализацијата ќе станат двигатели на економскиот раст.

  • Нашата цел е јасна, да создадеме услови во кои знаењето ќе се претвора во иновација, иновацијата во производ, а производот во нови работни места и подобар животен стандард за граѓаните – рече Мицкоски.

На седницата беше усвоена и четиригодишната програма за поттикнување на иновациите, научно-технолошкиот развој и претприемништвото, која, како што посочи премиерот, создава рамка за поддршка од првата идеја до целосна комерцијализација.

  • Избираме инвестиции во науката и истражувањето. Избираме дигитална трансформација. Избираме нови работни места, поголема продуктивност и подобар стандард за сите граѓани. Време е да ги претвориме идеите во конкретни проекти, истражувањето во решенија, а визијата во реални резултати – заклучи Мицкоски на конститутивната седница на Советот за иновации.

Советот ќе обезбеди координација меѓу образованието, науката, дигиталната трансформација и економските политики, со цел отворање нови, квалитетни и добро платени работни места.

Најнови вести од: Бизнис

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.

Како да се ограничи употребата на млеко во прав и палмино масло во млечните производи?!

Стопанската комора со години укажува на проблемите во млекопроизводството, потребата од контрола на квалитетот на домашните и увозните млечни производи и потребата од усогласување на правилата со европските стандарди.

Се намалува делот од платата за плаќање рати – Народна банка со построги правила за кредитите

Од 1 декември се намалува максималниот рок за отплата на станбените кредити од 30 на 25 години, а на хипотекарните потрошувачки кредити од 20 на 15 години, соопшти Народна банка откако ги усвои измените на правилата за кредитирање.

Славески: Структурните реформи можат значително да ја забрзаат конвергенцијата кон ЕУ

Славески нагласи дека воспоставената и долго одржувана макроекономска стабилност создаде цврста основа за развој на нашата економија, додека зголемената трговска отвореност и интеграцијата во европските и глобалните синџири на вредност значително го променија економскиот и извозниот профил на земјата.

Пад на невработеноста – 88.000 луѓе се пријавени во Агенцијата, најголем дел со или без образование

Најголем група на невработени се лицата без образование, или само со основно образование. Тие достигнуваат дури до 50.426 од вкупниот број на пријавени граѓани кои се невработени.

(Фото): НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите – нова зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони – простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го менуваат маалото на подобро. Токму на стартот на академската година, Дебар Маало доби ново место за поврзување, но и силна порака за заедничка одговорност „Чувај го твоето маало“. Отворањето го одбележаа музика, дружење и голем број млади од скопските факултети и средни училишта.

Поради намалените акцизи и ДДВ за горивата, во Буџетот фалат од 6 до 7 милијарди денари

Евентуалните ограничувања на извозот на дизел од САД би можеле дополнително да го затегнат европскиот пазар и да ги зголемат цените. Тоа би бил нов удар и за земјите кои, како Македонија, зависат од увоз на енергенти.

To top