Бизнис

(Видео): Социјални случаи преку злоупотреби цицале по 60-65 илјади денари месечно

Тоа е крадење, тоа е незаконски. Да, ќе го прочистиме и ќе го филтрираме списокот на корисници на гарантирана минимална помош затоа што се грижиме за државата и се грижиме за иднината на државата, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски запрашан за случаите за лица кои по различни основи добивале и по 60-65 илјади денари месечно.

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во гостување на вестите во Сител Телевизија зборувајќи за наводните доцнења на социјална помош, истакна дека Владата нема да дозволи да се злоупотребува истата бидејќи имало случаи кои по различни основи добивале и по 60-65 илјади денари месечно.

  • Состојбата е стабилна, но мора да се научиме на ред и дисциплина. Не може стихијно да се трошат парите и не може преку лажни фактури да се цица и да се молзе буџетот. Кога сме кај социјалната помош, има многу случаи каде што социјална помош, а веќе ги анализираме, се зема по неколку основи. Имаме социјални коишто примаат ГМП, гарантирана минимална помош, но и други помоши до 60-65 илјади денари месечно, по неколку основи што ги добиваат. Тоа е крадење, тоа е незаконски. Да, ќе го прочистиме и ќе го филтрираме списокот на корисници на гарантирана минимална помош затоа што се грижиме за државата и се грижиме за иднината на државата – потенцираше премиерот Мицкоски.

Тој исто така додаде дека и покрај лошата состојба и безредието во кое се наоѓаше државата по преземањето на мандатот, се направи консолидација и веќе се бележат врвни економски резултати во Европа според нашиот БДП.

  • Ние можеме сето ова под тепих да го ставиме, колку собираме, толку да делиме да ја задолжуваме државата, но дали е тоа одговорно за генерациите по нас? Не, ние треба да ја консолидираме, ја консолидиравме. Да не ве потсетувам од каде почнавме, немавме држава, немавме систем, уништено беше сè. За година ипол се консолидира, бележиме резултати економски коишто се врвни во Европа, за нашиот БДП, да се разбереме, да не бидам погрешно сфатен. Е сега кога сето ова ќе го имаме предвид логични се овие предизвици, не е нешто нелогично, но мора да има ред и дисциплина – истакна Мицкоски.

Тој додаде дека не може повеќе да се појавуваат фиктивини фактури за увоз на милионски суми на инстант фирми кои манипулираат со повратот на ДДВ.

  • Ако е тоа политичката цена којашто треба оваа влада да ја плати, којашто води дисциплинирана, без скандали политика, политика којашто ги брани националните интереси, политика на дисциплина, ред и поредок, во ред ќе ја платам. Но, мора да има ред и дисциплина. Не може веќе стихија, фирми инстант да ни се појавуваат, фиктивни фактури да пријавуваат за увози милионски, а потоа милионски суми поврат на ДДВ да бараат дека наводно робата им е складирана во магацин и без контрола на УЈП да им се враќа ДДВ-то. Е тоа веќе нема и затоа се таму кај што се, во притвори и во затвори. И допрва ќе има.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top