Бизнис

За три месеци се завршени градежни работи вредни 242 милиони евра

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски оцени дека се работи за исклучително висок раст, и раст кој што не е феномен само за вториот квартал, туку е континуитет уште од минатата година.

Растот од 22% во градежништвото е историски највисок квартал, оцени денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој присуствуваше во Куманово на примопредавање на новите комунални возила набавени од Светска банка. Николоски истакна дека се работи за исклучително висок раст, и раст кој што не е феномен само за вториот квартал, туку е континуитет уште од минатата година.

  • Ние во 2024 година ги поставивме темелите, ги поставивме проектите и веќе од 2025 гледаме силен развој во делот на градежништвото. Секој квартал е далеку, далеку над она што било просек претходно. Ова е историски највисок квартал – рече Николоски.

Министерот за транспорт посочи дека на терен се завршени градежни работи со вредност од 242 милиони евра и тоа за само 3 месеци, а како што рече „споредено со истиот период минатата година, растот е околу 22%, а и минатата година имаше раст“.

  • Навистина градежништвото станува основен двигател на економијата и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период – да реализираме уште доста бројни проекти кои што ќе значат сериозен раст на градежништвото, а со тоа и на бруто-домашниот производ – рече Николоски.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top