Бизнис

Заедно за одржлива иднина – ОКТА трета година по ред донира соларни централи

Повеќе енергија, помалку трошоци, почиста околина

Водејќи се од својата долгорочна определба кон одржливи решенија и унапредување на квалитетот на живот во заедницата, ОКТА реализираше нова донација во областа на обновливите извори на енергија. На покривот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром денеска беше пуштена во употреба фотоволтаична централа со вкупен капацитет од 19.680 kWp, која годишно ќе произведува околу 26.6 MWh зелена енергија. Преку функционирањето на оваа централа во училиштето во кое настава посетуваат 1.489 ученици, значително ќе се намалат трошоците за електрична енергија, и ќе се избегне емисија од 21.28 тони CO₂ годишно, што е значаен чекор кон поквалитетна и почиста животна средина.

Главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос, нагласи дека ОКТА и натаму ќе продолжи да инвестира во зелена енергија.

– За нас е многу значајно што вложуваме во подобрување на условите онаму каде што придобивките најсилно ќе се рефлектираат – во образованието. Обезбедувањето енергија од обновливи извори, за училиштата има двоен ефект – од една страна ги намалува трошоците за електрична енергија и овозможува пренасочување на средства во образовните потреби, од друга страна пак, им помага на младите генерации од најрана возраст да ја разберат важноста на грижата за животната средина и одговорното користење на ресурсите. Оваа, како и останатите фотоволтаични централи кои до крајот на годината ќе бидат донирани од страна на ОКТА на неколку образовни установи, јасно ги демонстрираат нашите заложби за поздрава и одржлива иднина – потенцира Пасхос.

Покрај оваа централа, во рамки на широкото портфолио на општествено-одговорни активности, ОКТА годинава ќе реализира повеќе донации насочени кон подобрување на енергетската инфраструктура. Во наредниот период се планирани неколку инсталации на фотоволтаични системи, и тоа на ДСУРЦ „Искра“ во Штип, потоа на ОУРЦ „Кочо Рацин“ во Битола, како и на ДСУРЦ „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Секоја од овие централи поединечно ќе има капацитет од 19.55 kWp и очекувано производство на енергија од сончеви зраци од 26.4 MWh годишно. Ова ќе овозможи намалување на емисијата на CO₂ од 21.12 тони

„Поставувањето фотоволтаични централи е значаен чекор кон одржливост на училиштата и јавните установи, намалувајќи ја потрошувачката, и, што е уште позначајно, намалувајќи го влијанието врз животната средина. Го поздравуваме овој потег на ОКТА, кој што покрај директните заштеди, со кои ќе ни се ослободат средства за други развојни проекти, на најмладите им се дава вистински пример како се гради зелена иднина. Јас сум убеден дека ова ќе биде доволен мотив и за многу други компании да се приклучат кон обезбедувањето одржлива иднина за новите генерации“, порача градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески.

Овој и сите останати проекти кои што ќе се реализираат до крајот на годината се надоврзуваат на минатогодишните донации во обновливи извори, кога ОКТА постави фотоволтаични централи во основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Велес и во градинката „Детска радост“ во Гевгелија. Претходно, во рамки на оваа стратегија за донаторски вложувања во зелена енергија беа донирани централи и во градинката „Пепелашка“ во општина Центар во Скопје, во средното општинско економско училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Охрид, како и во основното училиште „Гоце Делчев“ во скопската општина „Илинден“. Компанијата, исто така, во рамки на платформата „ЈАС ВНИМАВАМ“, донираше фотоволтаични сообраќајни знаци во општина Центар, кои беа поставени во близина на повеќе основни училишта.

Преку континуирано вложување во обновливи извори, како и со поддршката кон образовните институции и општините, ОКТА ја потврдува својата посветеност кон зелена транзиција, продолжувајќи да биде активен партнер на институциите во изнаоѓањето решенија кои ја унапредуваат животната средина. Во моментов, компанијата покрива повеќе од 50% од сопствените енергетски потреби од чисти извори, а до крајот на првиот квартал од 2026 година ќе ги покрива целосно. Оперативниот CO₂ отпечаток на ОКТА ќе биде речиси нула.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top