Бизнис

Занаетите во Македонија изумираат, младите повторно се враќаат кон стручно образование

Електричари, водоинсталатери, заварувачи, касапи, кондураџии саатчии златари

Електричари, водоинсталатери, заварувачи, касапи, кондураџии саатчии златари – ова се дел од занаетите кои се повеќе стануваат дафицитарни во Македонија, а за жал некои и изумираат. Ситуацијата во занаетчиството е се полоша, но охрабрувачки е што се повеќе средношколци наместо факултет избираат стручни училишта и занаети што носат сигурна работа и добра заработка – велат од Занаетчиската комора во Скопје.

Министерката за образование Весна Јаневска вели дека недостигот на занаети треба да не загрижи, но добрата вест е што младите полека сфаќаат дека занаетот повторно станува вреден и ценет. Според неа, дополнителен придонес за стручен кадат во Македонија има и дуалното образование.

Во време кога Македонија се соочува со сериозен недостиг од стручен кадар, денеска и утре во Автосообраќајниот училиштен центар „Боро Петрушевски“ се одржува Националниот натпревар на вештини 2026. На едно место, 64 средношколци од целата држава ќе ги покажат своите знаења и практични вештини во 15 различни занаети од автомеханичари и електричари, до пекари, фризери и заварувачи. Организаторите велат дека целта е младите да се мотивираат да избираат стручни професии кои денес носат сигурна работа и се клучни за развојот на економијата.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top