Бизнис

Зголемени проекциите за економски раст на Македонија, велат од Светска банка

Зголемени проекциите за економски раст на Македонија. Во последниот извештај, Светска банка предвидува реален раст на БДП од 3,1 отсто во 2025 година и 3% во наредните две години. Тоа е подобрување на проекциите од пролетниот извештај за 0,4, 0,3 и 0,2 п.п. за овие три години.

Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија, прогнозирајќи економски раст од 3,1% во 2025 година. За наредните 2026 и за 2027 година Банката предвидува економијата на земјава да порасне до 3%. Со тоа, Светска банка во својот есенски извештај за корегира пролетната прогноза за раст од 2,6% за годинава, од 2,7% за наредната и 2,8% за во 2027 година. Ланските прогнози пак беа 2,8%, во 2023 година од 2,1%, а во 2022 година од 2,8% реален раст на Бруто домашниот производ.

Во најновата прогноза Македонија се извлече од дното на листата со најмал раст од земјите во регионот – БИХ од 2,6% и Србија – 2,8%. Прогнози за повисок економски раст од Македонија во 2025 година има за Црна Гора – 3,3%.  Очекувањата за Албанија и Косово се 3,7% и 3,8%, што е надолна линија во однос на минатогодишните проекции коишто беа 4,0% и 4,4%.

Светска банка оценува дека економскиот раст на Македонија годинава ќе биде поддржан од робусни јавни инвестиции и од растот на извозот.

  • Показателите на пазарот на трудот продолжија да се подобруваат во согласност со зголемувањето на производството во првиот семестар од 2025 година. Сепак, постои итна потреба да се поттикне поголемо учество на работната сила, особено меѓу жените и младите, преку опремување со вештини и поддршка потребни за да се одговори на потребите на еден пазар на трудот што еволуира. Ризиците за перспективите произлегуваат и од домашни и од надворешни фактори, вклучувајќи слабо управување со јавни инвестиции, забавување на активноста на клучните трговски партнери и континуирана миграција – се вели во прогнозата за Македонија.

Економскиот раст на земјава се забрза во првиот семестар од 2025 година, достигнувајќи 3,2% благодарение на домашната побарувачка и силната активност во секторите услуги и градежништво.

  • На фискалниот фронт, и дефицитот и долгот остануваат над фискалните правила утврдени во 2022 година, а се предвидува дека јавниот долг ќе го надмине минатогодишното ниво и ќе остане над 60% од БДП во 2025 година. Се очекува основната инфлација да падне под долгорочниот просек од 2% до 2027 година, бидејќи основните притисоци постепено ќе се намалуваат – велат од Светската банка.

Од банката сметаат дека позитивните економски перформанси ќе се одржат со разумно управување со јавните финансии и забрзани реформи – особено во областите на јавната администрација, енергетиката, човечкиот капитал и дигитализацијата.

  • Преминувањето кон високи приходи ќе бара поголема продуктивност, подобра конкурентност и одржлив раст. Клучните приоритети вклучуваат отклучување на недоволно искористениот потенцијал на работна сила, промовирање на фер конкуренција, зголемување на иновациите и префрлање на ресурсите кон сектори со повисока додадена вредност – смета Керол Мегеванд, менаџер на Светска банка за Македонија.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top