Хроника

15-годишен битолчанец спаси бугарско семејство во Грција

Херојски потег на младиот битолчанец

Михаил Николовски (15), ученик во СОУ „Ѓорги Наумов“ од Битола, влезе во Егејското море и помогна да се спаси тричлено семејство од Бугарија.

Драмата се одвивала на плажата во Олимпијада, Грција. Мајката, таткото и нивното дете се нашле во опасност откако силните бранови ги однеле подлабоко во морето.

Во критичниот момент Николовски без двоумење влегол во разбрануваното море. Според сведоштвото на неговото семејство, најпрво успеал да ја извлече жената, потоа детето, а на крај и таткото, со што целото семејство безбедно излегло од водата.

По спасувањето, присутните на плажата го поздравиле младиот битолчанец со силен аплауз.

Најнови вести од: Хроника

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top