Поголема количина на ладилно средство од гасот фреон за автомобилски клими било запленето завчера од грчките царински службеници на влез од Македонија во Грција на граничниот премин Дојрани од грчка страна.
Обидот за шверцување имал за цел да се избегнат царински давачки за кои се проценува дека надминуваат 55 илјади евра.
Царинските службеници во Дојрани, на границата меѓу Грција и Македонија, пронашле 296 шишиња фреон од видот R134a за време на проверка на празен контејнер кој влегувал од Македонија.
Фреонот бил пронајден во специјално дизајнирана преграда.