Хроника

Македонски државјанин приведен во Бугарија на границата со Србија за шверц на 122.660 цигари

Синоќа во 20:50 часот на преминот Калотина на бугарско-српската граница е приведен 52-годишен македонски државјанин за обид за шверц на огромно количество цигари, соопшти Министерството за внатрешни работи на Бугарија. Возачот на товарен микробус со швајцарски регистарски таблички на влез од Србија во Бугарија пријавил дека превезува ламинат и маса од Швајцарија, но по проверката […]

Синоќа во 20:50 часот на преминот Калотина на бугарско-српската граница е приведен 52-годишен македонски државјанин за обид за шверц на огромно количество цигари, соопшти Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

Возачот на товарен микробус со швајцарски регистарски таблички на влез од Србија во Бугарија пријавил дека превезува ламинат и маса од Швајцарија, но по проверката на товарниот дел од микробусот бугарските цариници откриле дека пакетите содржат само горен и долен лист од ламинат. Останатите штици биле изрежани и во формираната празнина се откриени голема количина цигари со македонски акцизни бандероли и со бандероли „дјути фри“.

Во микробусот е најдена и маса по чие разглобување во нејзината основа исто така се откриени големи количини цигари.

Вкупното количество на шверцуваните цигари е 120.660 парчиња.

Најнови вести од: Хроника

Кривична пријава и отстранување од работа на раководител на смена во полициска станица на „Јажинце“ – „скинал“ казна

А.Љ., раководител на смена во Полициска станица за граничен премин „Јажинце“ во тетовскиот регион, на границата со Косово, на 27 јуни одлучил да не ја изрече предвидената глоба од 100 евра во денарска противвредност. Тој не го исклучил возилото од сообраќај и му овозможил на возачот и понатаму да учествува во сообраќај со возилото, за кое претходно друг полициски службеник констатирал сообраќаен прекршок од Законот за возила – управување возило со истечен рок на сообраќајната дозвола од 30 дена.

Најнови вести

To top