Хроника

Димитриеска-Кочоска се сретна со вршителот на должноста амбасадор на САД Никол Варнс

Благодарност за поддршката од САД

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска попладнево преку Фејсбук информираше дека денеска имала средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД. На средбата разговарале за економските приоритети, реформите и можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји.

„Ја истакнав нашата посветеност на стабилни и одржливи јавни финансии, одговорно управување со средствата на граѓаните, како и на политики кои создаваат услови за економски раст, инвестиции и подобра деловна клима. Благодарност за континуираната поддршка од САД, особено преку соработката со Трезорот на САД, која е важна за јакнење на капацитетите на институциите и унапредување на процесите во Министерството за финансии. Продолжуваме со посветена работа на реформи, силни институции и економски политики што носат резултати за граѓаните“, пишува во објавата на Фејсбук.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top