Хроника

,,Двајца дебили” – Новинарка на Собранискиот канал со грозни квалификации за колеги

АВМУ повикува на професионална и етичка комуникација меѓу новинарите

Во врска со навредливиот речник и јавните квалификации упатени кон
новинарите на Радио Лидер од страна на новинарката во Собранискиот канал Весна Велкова, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на потребата од почитување на професионалните стандарди во јавната комуникација, особено меѓу медиумските работници.

,,Изразите како „двајца дебили“, инсинуациите за професионалниот интегритет, финансирањето и
мотивите на новинарите, не придонесуваат за конструктивна јавна дебата, туку поттикнуваат дискредитација и нетрпеливост во медиумската заедница.
Евентуалните сомневања за финансирањето или уредувачката независност на медиумите треба да се отвораат преку аргументирана дебата и соодветни институционални постапки, а не преку лични навреди и дисквалификации.
Новинарството не смее да стане простор во кој несогласувањата се решаваат со етикетирање, навреди и обиди за јавно понижување на колегите. Напротив, неопходни се заемна почит, професионална солидарност и доследно почитување на етичките начела”, стои во соопштението од АВМУ.

Коментарот на Велкова е насочен кон Љупчо Златев и Драган Милосављевиќ.

Имајќи ја предвид одговорноста на новинарската професија, АВМУ ги повикува медиумските работници да ги почитуваат професионалните и етичките начела и критиката да не ја насочуваат
кон личното достоинство на колегите.

Предходно АВМУ со осуда за експлицитни повици за физичко насилство против македонска новинарка

АВМУ го осуди говорот на омраза против македонска новинарка

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top