Хроника

51-годишен маж тешко повреден додека работел во Македонската опера и балет

Поврдениот е во сложена состојба но не е во животна опасност

Министерството за внатрешни работи информира дека педесет и едногодишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи во Националната установа Македонска опера и балет (МОБ) во Скопје, информираат

Според полицискиот билтен, на 29 септември 2026 година, во 20:44 часот, во СВР Скопје од ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.К. (51) од Скопје.

Поради повредите, мажот подоцна бил пренесен во приватна болница за понатамошно укажување медицинска помош.

Според пријавеното во полицијата, повредите ги здобил при извршување работни задачи во Македонската опера и балет.

Најнови вести од: Хроника

To top