Хроника

Две девојки скокнале од такси во движење поради непримерно однесување на таксистот во Тетово

За случајот е известен јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово.

Две девојки од Тетово вчера скокнале од такси во движење бидејќи таксистот не ги однел на бараната локација, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 16 часот и 30 минути Д.Ќ. пријавил дека неговата девојка Е.И. (20) и нејзината 16-годишна другарка, двете од селото Пршовце, Тетовско, додека биле во такси-возило, скокнале од него додека возилото било во движење. Причината била што возачот почнал да се однесува непримерно, не го запрел возилото и не ги однел на бараната локација.

Откако скокнале од возилото во движење, тие побарале помош. За случајот е известен јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово.

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

Од 12 октомври 2026 започнува „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надѕор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно и во Струга, Кичево и во Дебар.

Притвор и куќен притвор на двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на Обвинителството, им определи мерка притвор и куќен притвор на двете осомничени финансиски раководителки во АД „Државна лотарија“ за “проневера во служба”.

Одземен пасошот и забрана за работа за Вишиот јавен обвинител од Битола, се сомничи за криминал и мито

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост против П.В. – Виш јавен обвинител од Битола, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите содржани во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот на ОЈО ГОКК.

To top