Хроника

Две лица опожариле возило во скопско

Ноќеска (28.08.2025) во 03.40 часот во СВР Скопје Љ.В.(58) од село Идризово, скопско пријавил дека две лица со запалива течност опожариле патничко возило „шкода фабија“ со скопски регистарски ознаки.

api.time.com

Ноќеска (28.08.2025) во 03.40 часот во СВР Скопје Љ.В.(58) од село Идризово, скопско пријавил дека две лица со запалива течност опожариле патничко возило „шкода фабија“ со скопски регистарски ознаки.

Возилото било во сопственост на неговиот син, а по инцидентот двајцата напаѓачи со мотоцикл го напуштиле местото на настанот.

Од страна на пријавителот пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од: Хроника

Уапсени седум безобѕирни возачи, меѓу нив пијани, со забрани, и еден малолетник!

Седум возачи завршија во полициска станица во изминатото деноноќие, поради безобѕирно возење на патиштата низ државата. Меѓу нив имало и малолетник зад волан. Најголем дел од приведените, четворица, возеле без возачка дозвола. Еден од нив бил малолетник, кој бил затекнат како управува возило во Тетово. Други случаи на возење без дозвола биле забележани  во Гостивар, Кавадарци и Прилеп.

To top