Хроника

Ердал Лушо: Првиот Македонец што сам го препловува Атлантикот (ВИДЕО)

Ердал Лушо од Струга тргна во единствена и смела мисија – сам да го преплови Атлантскиот океан со едрилица што целосно ја изработил со свои раце.

Ердал Лушо од Струга тргна во единствена и смела мисија – сам да го преплови Атлантскиот океан со едрилица што целосно ја изработил со свои раце.

Цели 16 месеци тој ја градел својата едрилица наречена „Пиксел“. Лушо е единствениот учесник од Македонија и еден од само осумтемина натпреварувачи во светот кои се квалификувале за оваа екстремна прекуокеанска регата.

Според строгите прописи, секој натпреварувач мора самостојно да ја конструира својата едрилица, без каква било индустриска поддршка.

Трката стартува од Португалија, а крајната дестинација се Карибите – растојание од илјадници километри што треба да се помине за околу 40 дена, исклучиво со помош на ветерот и прецизна навигација.

Во моментов, Лушо престојува во Португалија. Стартот, планиран за 11 ноември, е одложен поради неповолни временски услови.

„По топлиот пречек во Лисабон, тргнавме кон Сагреш, каде што е стартната точка на трката. Поради невремето се засолнивме во Портимао и таму ќе останеме неколку дена за дополнителни подготовки“, сподели тој на својот Инстаграм-профил.

И покрај неколкуте технички предизвици, Лушо уверува дека и тој и „Пиксел“ се целосно подготвени за големата авантура – патување што ќе го впише во историјата како првиот Македонец кој самостојно се впуштил во препловување на Атлантскиот океан.

Најнови вести од: Хроника

Девет лица приведени за 24 часа, меѓу кои и малолетник – возеле без дозвола и под дејство на алкохол

Во засилени полициски контроли спроведени во изминатото деноноќие низ целата држава, лишени од слобода се девет возачи, дел возеле без дозвола, дел под дејство на алкохол, а еден и покрај активна забрана. Со еден родител бил извршен службен разговор поради безобѕирно управување со возило.

Кривична против седум поединци, меѓу кои има и цариници, и две правни лица за фалсификување документи при увоз на „Мерцедес-Мајбах“

Одделението за истраги, при Секторот за контрола и истраги, откри организиран криминал во кој луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што Буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари.

Најнови вести

To top