Хроника

(Фото): Малолетник со возило удрил во друг автомобил и пешак кој се бори за живот в болница

Малолетник денеска претпладне во скопското село Долно Коњари со возило удрил во паркиран автомобил и во пешак кој со тешки повреди е пренесен во болница, каде, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), лекарите се борат за неговиот живот.

Малолетник зад волан предизвикал тешка сообраќајна незгода во скопското село Долно Коњари, при што бил повреден пешак кој се бори за живот. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена денеска околу 11:30 часот, кога патничко возило со скопски регистарски таблички, управувано од малолетно лице, удрило во паркиран автомобил, а потоа и во пешакот И.Ф.

Повредениот пешак со Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде лекарите му констатирале тешки телесни повреди, поради што е во животно загрозувачка состојба.

Од МВР соопштија дека за настанот е известен дежурен јавен обвинител за малолетници, а полициските екипи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста.

  • „Денеска (25.01.2026) во 11:30 часот пријавена е сообраќајна незгода во село Долно Коњари, скопско во која патничко возило со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник удрило во паркирано патничко возило со скопски регистарски ознаки и пешак И.Ф. Од незгодата со повреди се здобил пешакот кој е пренесен во Ургентен центар ‘Мајка Тереза’ каде му се констатирани тешки телесни повреди и е во животнозагрозувачка состојба“, велат од МВР.

Најнови вести од: Хроника

Уапсени седум безобѕирни возачи, меѓу нив пијани, со забрани, и еден малолетник!

Седум возачи завршија во полициска станица во изминатото деноноќие, поради безобѕирно возење на патиштата низ државата. Меѓу нив имало и малолетник зад волан. Најголем дел од приведените, четворица, возеле без возачка дозвола. Еден од нив бил малолетник, кој бил затекнат како управува возило во Тетово. Други случаи на возење без дозвола биле забележани  во Гостивар, Кавадарци и Прилеп.

To top