Хроника

(Фото): Под контрола е пожарот во Визбегово – пожарникарите и населенито гаснат со цистерни и механизација

Сопствениците и вработените, заедно со екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, интервенирале со часови за целосно ставање под контрола на огнот. Куповите отпад се преместувале од место на место за да се спречи повторно разгорување, додека гаснењето се вршело со неколку цистерни.

Пожарот што избувна во Визбегово е ставен под контрола, иако и таму чади местото каде што со часови гореше приватен имот со стари автомобили. Како што изјави командирот на пожарникарната бригата, со тешка механизација, пожарникари и ангажирани работници, цела ноќ се гаснел пожарот што избувна во Визбегово на отпад за старо железо.

Во акцијата биле вклучени и дополнително ангажирани работници, со цел побрзо локализирање на пожарот.

  • „Пожарот во Визбегово е сè уште активен, но под контрола. На лице место се екипи од БППЗ на Град Скопје“, велат од Центарот за управување со кризи.

Според информациите, пожарот настанал откако се запалила машина во отпадот.

Според надлежните, пожарот настанал од запалена машина за мелење железо. Дека состојбата се следи, велат и од ЦУК, чии екипи остануваат на терен. Истата компанија, според надлежните, имала идентичен случај пред една година, кога со денови гореше депонијата со отпад од возила, предизвикувајќи штета врз животната средина.

И покрај што се интервенирало со сите капацитети на противпожарната служба, огнот е ставен под контрола и нема опасност од ширење. Се делувало и со авион. Обвинителството поднесе обвинение против неколку физички лица и едно правно лице за кривично дело – загрозување на животната средина со отпад, согласно член 230 од Кривичниот законик. Од полицијата рекоа дека работат на утврдување на причините за настанувањето на пожарот.

 

 

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

Од 12 октомври 2026 започнува „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надѕор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно и во Струга, Кичево и во Дебар.

Притвор и куќен притвор на двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на Обвинителството, им определи мерка притвор и куќен притвор на двете осомничени финансиски раководителки во АД „Државна лотарија“ за “проневера во служба”.

Одземен пасошот и забрана за работа за Вишиот јавен обвинител од Битола, се сомничи за криминал и мито

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост против П.В. – Виш јавен обвинител од Битола, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите содржани во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот на ОЈО ГОКК.

To top