Хроника

Како Гоце урна 50 години во 50 минутен подкаст

Надменото и навредливо однесување на легендарниот македонски актер под лупа

Во авторска анализа на профилот ,,Жива е Македониiа” се коментира последниот настап на актерот Гоце Тодоровски.

 

Според анализата кога актерот зборувал за “својата човечка големина” во поткастот си замислувал дека е Гоце Делчев, а не Гоце Тодоровски.

 

Во продолжение кратка анализа за излагањето на Гоце Тодоровски  кое според Жива е Македонија ја револтирало македонската јавност:

 

,,Јас, јас и само јас, сите други ги фрли во сенка!”

 

Имено, пред повеќе од недела дена актерот Гоце Тодоровски беше поканет во поткастот на Лазаров. Разговараа повеќе од два часа.

 

Јавноста беше шокирана од некои ставови на актерот.

 

Егото на највисоко ниво!

 

Говорејќи за себе не испушташе во секоја втора реченица да повторува дека тој е единствената легенда во Македонија.

 

На почетокот ги омаловажи своите брат и сестра дека не биле воопшто умни и интелегентни како него.

 

Најмногу го навреди својот долгогодишен колега Лазар Бараков глумејќи дека не се сеќава на неговото име.

Гоце исто така рече дека Лазар Бараков не знаел да говори литературно македонски – зборувал на бугарски јазик во Македонските народни приказни (иако речникот на самиот Гоце изобилува со србизми како на никој македонски актер досега) со што жестоко ги навреди струмичани кои истите не сметаат дека нивниот јазик е бугарски дијалект. И со потсмев дека сите струмички села за него се “едно исто”. Струмичани кои толку го почитуваа!

 

Едноставно овој човек ги изнавреди сите.

 

Гоце продолжува – “не можеше да се сети” ниту на Тони Михајловски. Го нарече оној келавиот од Куманово.

 

Тој со одбрани зборови го навреди и актерскиот пар Колозови.

 

Немаше убав збор ниту за помладата генерација актери.

 

Искажа ноторни лаги за режисерите Милчо Манчевски и Столе Попов.

 

Излажа за тоа дека Петре Прличко го прогласил за свој наследник.

 

Се направи поголем и од Никола Груевски. Со тоа што го викал “Николче” додека бил премиер, а овој го викал во кабинет само да го види!

 

На крајот Гоце Тодоровски даде “многу добар” совет како да опстои еден брак.

Јавно призна дека имал многу швалерки и дека многу ги сакал. Но и покрај тоа секогаш се враќал дома, а жена му не го оставала затоа што не можела да најде подобар од него.

 

П.с Заклучок – Гоце Тодоровски немаше потреба од фалење и плукање по другите. Требаше само да каже некоја шега и да пренесе некоја интересна анегдота и да раскаже за неговата плодна кариера. И се ќе беше во ред. Сите го сметавме за легенда. Немаше потреба на секоја втора реченица да повторува дека е легенда, а во исто време да ги омаловажуваат сите други.

 

Како рекол нашиот народ – ,,Колку што сам можеш да си наштетиш никој не може толку”

 

Но добро е што самиот се разоткри и за поголемиот дел од јавноста која не го познаваше вистинскиот Гоце.

 

Она за кое му требаа 50 години да го изгради си го сруши во еден 50 и кусур минутен поткаст.

 

И за крај едно прашање – Гоце дали знаеш дека фалбата е рѓа? Покрај толку многу снимени епизоди од Македонските народни приказни.

 

Авторска анализа на Жива е Македонија

Најнови вести од: Хроника

Одземен пасошот и забрана за работа за Вишиот јавен обвинител од Битола, се сомничи за криминал и мито

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост против П.В. – Виш јавен обвинител од Битола, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите содржани во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот на ОЈО ГОКК.

Уапсен 69-годишник во Гостивар откако полицијата му пронајде пушка и 110 куршуми

Надлежните пронајдоа и одзедоа автоматска пушка со рамка во која имало шест куршуми од 7,65 мм, рамка со седумнаесет куршуми од 7,65 мм, како и неколку кутии со вкупно 110 парчиња муниција од различни калибри

Обвинителството побара доживотен затвор за Трајче Бојковски, пресудата ќе биде изречена на следното рочиште

Во Основниот суд во Куманово денеска беа изнесени завршните зборови во судскиот процес против Трајче Бојковски, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство. Обвинителството побара доживотна казна затвор.

Утринава четворица битолчани се степале во казино во Битола – нападнале и вработен во обезбедувањето

Во 03:15 часот рано изутринава во казино на улица Димитар Илиевски Мурато во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода М.Н.(40) , Ш.К.(41), А.Ј.(29) и Д.Р.(34), сите од Битола.

To top