Хроника

Незгасната цигара предизвика пожар во ГОБ „8-ми септември“

Директорот на болницата, д-р Синиша Стојаноски, потврди дека ситуацијата е предизвикана од човечки фактор

Изгаснат е пожарот кој избувнал на Одделот за ортопедија во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, по што веднаш била извршена евакуација.

На местото била повикана и противпожарната служба, а од прозорците на болницата излегувал чад.

Директорот на болницата, д-р Синиша Стојаноски, потврди дека ситуацијата е предизвикана од човечки фактор, односно од отпушок од цигара.

Според него, нема опасност за пациентите и медицинскиот персонал.

„Ништо сериозно, направена е евакуација веднаш. Од неодговорен човечки фактор (отпушок од цигара) е предизвикана оваа ситуација. Утврдуваме фактичка состојба во моментов, но нема никаков ризик ниту за пациентите ниту за персоналот“, вели директорот Стојаноски.

Засега не се соопштени детали за евентуална материјална штета ниту за точната локација на која избувнал пожарот во рамките на одделот.

 

Најнови вести од: Хроника

To top