Хроника

Приведен 87-годишникот кој возел во спротивна насока на „Партизанска“ (ВИДЕО)

Против него ќе биде поднесена кривична пријава, а автомобилот му е привремено одземен

Полициски службеници од Полициската станица Карпош при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје вчераго лишија од слобода 87-годишниот И.Г. од Скопје.

Тој е приведен откако на социјалните мрежи беше објавена снимка на која се гледа како управува патничко возило во спротивен правец по булеварот „Партизански одреди“. Против него ќе биде поднесена кривична пријава, а автомобилот му е привремено одземен.

Идентификацијата и приведувањето на возачот уследија по реакција на Полициската станица од општа надлежност (ПС ОН) Карпош при СВР Скопје. Полицијата презела мерки веднаш по објавувањето на видеозаписот на социјалните мрежи, на кој е документирано движењето на патничкото возило во спротивна насока на една од најфреквентните сообраќајници во главниот град, булеварот „Партизански одреди“.

Видеото предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде што граѓаните предупредуваат на сериозната опасност од вакво несовесно однесување. Движењето во спротивна насока на булевар со интензивен сообраќај може да доведе до директен судир со други возила и да ги загрози животите на возачите и патниците.

За сторителот на ова дело законот предвидува парична казна или казна затвор до три години, како и можност за трајно одземање на возилото со кое е сторено кривичното дело доколку тоа е во сопственост на сторителот.

 

Најнови вести од: Хроника

Пиштол и седум куршуми откриени кај совозач во службено возило на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје

Пиштол со седум куршуми бил пронајден кај совозач во службено возило на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, при полициска контрола на булеварот „Гоце Делчев“. Едно лице е лишено од слобода, а за случајот е известен јавен обвинител, велат од Министерството за внатрешни работи, објави „Скопје 1.мк“

To top