Хроника

Кривична пријава против двајца полицајци од Струга

Двајца струшки полицајци под истрага

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против двајца полициски службеници од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

Како што соопшти МВР, кривичната пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, против Т.М., полициски службеник во Полициската станица Струга, и И.Ш., главен полицаец за вршење увид на сообраќајни незгоди во Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга.

Според пријавата, на 14 мај 2026 година, во просториите на Полициската станица Струга, при спроведување на лице кое претходно било лишено од слобода, двајцата употребиле прекумерна физичка сила. И покрај тоа што лицето било со ставени лисици, тие физички го нападнале и го удирале со раце и нозе.

Одделот за внатрешна контрола најави дека против двајцата ќе биде поднесен и предлог за поведување дисциплинска постапка. Истовремено, ќе им бидат изречени задолжителни мерки – одземање на службеното оружје и муницијата, како и суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top