Хроника

Втора кривична пријава против Ќира – овојпат незаконски разрешил директор на училиште и поставил друг, иако не исполнува услови

Струшката полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга Менди Ќира, поради сомневање дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Ќира доби кривична пријава и во април годинава, бидејќи на 18 ноември 2025 година назначил вршител на должност директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга, и покрај тоа што знаел дека кандидатот не ги исполнува законските услови.

Министерството за внатрешни работи. денес, на 15 септември 2026 година соопшти: „ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ.(66) од струшкото село Биџево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Како градоначалник на Струга, спротивно на одредбите од Законот за основно образование тој донел одлука и незаконски разрешил директор на едно основно општинско училиште, по што назначил друго лице како вршител на должноста директор. М.Ќ. тоа го направил, иако знаел дека новоназначеното лице нецелосно ги исполнува условите, пропишани во  Законот за основно образование“,

Неправилностите биле утврдени и од инспекцискиот надзор, извршен од Државниот просветен инспекторат, се додава во соопштението.

Претходно и во април 20276 година беше поднесена кривична пријава против градоначалникот на Општина Струга Ќира, поради  сомневање дека на 18 ноември 2025 година, незаконски донел одлука за именување вршител на должноста директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ од Струга. На тоа работно место го имал назначено М.Ј. од Струга, иако знаел дека тој нема соодветно образование, ниту соодветен сертификат за познавање англиски јазик.

Именувањето на М.Ј. било спротивно на Законот за јавни претпријатија, бидејќи тој не исполнувал повеќе услови од законот. Со овој потег на М.Ј. му било овозможено противправно да оствари парична корист врз основа на плата и придонеси како директор на јавното претпријатие.

Најнови вести од: Хроника

Притвор и куќен притвор на двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на Обвинителството, им определи мерка притвор и куќен притвор на двете осомничени финансиски раководителки во АД „Државна лотарија“ за “проневера во служба”.

Одземен пасошот и забрана за работа за Вишиот јавен обвинител од Битола, се сомничи за криминал и мито

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост против П.В. – Виш јавен обвинител од Битола, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите содржани во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот на ОЈО ГОКК.

Уапсен 69-годишник во Гостивар откако полицијата му пронајде пушка и 110 куршуми

Надлежните пронајдоа и одзедоа автоматска пушка со рамка во која имало шест куршуми од 7,65 мм, рамка со седумнаесет куршуми од 7,65 мм, како и неколку кутии со вкупно 110 парчиња муниција од различни калибри

To top