Хроника

Лекар и медицинска сестра од Клиничкиот центар во Скопје шверцувале ботокс вреден 10 илјади евра, лажно го прикажале како „козметички производи“!

Царинската управа поднесе кривична пријава против доктор и медицинска сестра од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, кои се обиделе да прошверцуваат вкупно 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари (околу 9.900 евра) преку поштенска пратка, пријавена како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари. Во предистрагата е утврдено дека докторот од Универзитетскиот клинички центар нарачал 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари од корејска компанија од Кореја, но се договорил во фактурата да бидат прикажани како 10 козметички производи.

Против двајцата е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје, поради кривични дела, шверцување и царинска измама, соопштуваат од Царинската управа. Случајот го откриле цариници од Царинска филијала Скопје 1 при детална контрола на поштенска пратка пријавена за увозно царинење, за која била приложена фактура за 10 козметички примероци. При отворање на пратката царинските службеници откриле 199 вијали со ботокс, кои се користат во естетската медицина и кои не биле наведени во фактурата.

Одделението за истраги поведе посебни предистражни дејства и по налог на јавен обвинител извршен е претрес на три локации. „Во предистрагата е утврдено дека првоосомничениот, вработен како доктор на Универзитетскиот клинички центар ‘Мајка Тереза’, нарачал 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари од компанија од Република Кореја и се договорил во фактурата да бидат декларирани како 10 парчиња козметички производи со вкупна вредност од 80 долари. Потоа, од второосомничената, вработена како медицинска сестра на Универзитетскиот клинички центар ‘Мајка Тереза’, побарал да биде наведена како примач на стоката, која му помогнала во вршење на кривичните дела на начин што се согласила нарачката да пристигне на нејзино име и адреса и фактурата ја платила од својата трансакциска сметка“, соопшти Царинската управа.

Царинската управа на Македонија укажува дека увозот на ботокс е строго регулиран и подлежи на посебни дозволи од надлежни институции и секоја измама поврзана со увоз на ваква или слична стока е опасност за здравјето на граѓанит. “Нема да има никаква толеранција кон сите што се обидуваат да работат спротивно на законот.“ – порачува Царинската управа.

Најнови вести од: Хроника

И.Х.(25) и А.Х.(20) од село Идризово се скарале со продавачката, па го нападнале и И.О.(41), која ја бранел!

Двајцата насилници од Идризово може на некое време да станат жители на затворот во близина на нивното село, откако во продавница биле агресивни кон продавачка, а потоа го натепале соселанецот, кој им рекол да не се однесуваат непристојно кон жената.

Одложено судењето на Груби и уште седум лица: закажани 13 термини за расправа во септември и октомври 2026

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја одложи главната расправа во предметот за наводни злоупотреби во АД „Државна лотарија“, во кој меѓу обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби.

To top