Хроника

Ликвидиран по масакрот што го предизвика на Парада на гордоста

Ги нападнал полицајците со нож додека се обидувале да го уапсат, па морале да употребат огнено оружје

Абдул Балут (21), осомничен за терористички напад на Парадата на гордоста во Берлин, беше убиен за време на полициска операција во градскиот округ Шпандау.

Балут ги нападнал полицајците со нож додека се обидувале да го уапсат, па морале да употребат огнено оружје. Балут починал од повредите во 18:34 часот, објави Билд.

Една жена загина и 16 лица се повредени, откако влета автомобил во во толпа на „Парадата на гордоста“ во Берлин

Според првичните извештаи, бел автомобил удрил неколку луѓе во паркот Тиергартен, а потоа удрил во дрво.

Возачот потоа го напуштил возилото и избегал, изјави портпаролот на берлинската полиција, Флоријан Нат.

Истрагата продолжува по смртта на напаѓачот. Сведоците на нападот споменале можен патник, а полицијата сè уште истражува можни соучесници. Истражителите привеле и испрашале три лица од групата осомничени. Двајца оттогаш се ослободени, додека едно лице останува во притвор.

Портпаролот на полицијата, Флоријан Нат, ја објасни постапката. „Мораме да им докажеме на овие луѓе дека сториле кривично дело. Ако не успееме во тоа, мора да ги ослободиме по 48 часа“, рече тој. Како резултат на тоа, вториот осомничен сè уште не е официјално уапсен.

Најнови вести од: Хроника

Осум месеци затвор за Игор Дашковски, потпалувачот на автомобили на бугарската амбасада – Пресудата сè уште не е правосилна

Основниот кривичен суд Скопје го осуди 44-годишниот Игор Дашковски Стојановски на осум месеци затвор за палењето две дипломатски возила пред Бугарската амбасада во Скопје, што се случи на 15 јуни годинава.

Приведен 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

На 17.11.2026 во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во с.Радиовце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело лажна дојава за бомба во гимназијаts „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

To top