Македонија

На 18 септември почнува рочиштето за тепачот на двајца малолетни фудбалери на „Брегалница“

Притворот му е продолжен

На 18 септември, во Основниот суд во Штип, ќе започне судското рочиште против 43 годишниот маж, кој минатиот месец на спортски терен натепа двајца малолетници, фудбалери на штипскиот клуб „Брегалница”. Судијата на претходна постапка Сашко Георгиев, посочи дека на лицето со иницијали А.А. од Скопје, веќе му е продолжен притворот од 30ден, по што ќе следи и судењето.

Тој се терети за кривично дело-насилстo .Основното јавно обвинителство во Штип, веднаш по настанот поведе и итна постапка против 43 годишниот родител, за кривично дело-Насилство,  што се случи на спортското игралиште „Бело Брдо”.

Со дејствијата тој ја загрозил сигурноста на двете деца родени 2010 година, играчи за тимот на „Брегалница”, нанесувајќи им телесни повреди. Освен тоа, кај оштетените, останатата присутна публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, информираа тогаш од ОЈО.

Настанот се случил во 89 минута од натпреварот, кога судијата поради прекршок доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра  синот на осомничениот  кој играл за ФК„Шкупи”. Незадоволен од одлуката најпрвин синот се однесувал неспортски и со тупаници и клоци се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на ФК „Брегалница”. Тогаш на терен влегол таткото. И тој со тупаници и клоци почнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди -повеќе набиеници и скршеници на нос без дислокација. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top