МВР соопшти дека доцна синоќа, во 22:20 часот, во СВР Скопје 22-годишна жена пријавила инцидент што се случил на 18 октомври околу половина после полноќ на подрачјето на Карпош.
Според нејзината изјава, непознато лице прво ја следело, а потоа ја допирало по телото.
Полицијата ги презема сите потребни мерки за расветлување на случајот и идентификација на сторителот.
Деталите од пријавата се проверуваат, а истрагата е во тек.