Хроника

Обид за убиство на млада жена ја потресе Македонија

При алкотестирањето било утврдено дека З.П. имал 1,20 промили алкохол во организмот

Струмичанец е кривично пријавен за обид за убиство на својата поранешна сопруга, откако, според полицијата, ја нападнал со остар предмет во угостителски објект во Струмица и ѝ нанел тешки телесни повреди.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 31 јули 2026 година, полициски службеници од СВР Струмица извршиле службен разговор со З.П. (37) од Струмица, постапувајќи по пријава дека околу 12:40 часот ја нападнал својата поранешна 34-годишна сопруга.

Според пријавата, тој со остар предмет ѝ нанел повреда во пределот на лицето, по што избегал од местото на настанот. Набргу потоа, самиот се пријавил во Полициската станица Струмица.

При алкотестирањето било утврдено дека З.П. имал 1,20 промили алкохол во организмот.

Најнови вести од: Хроника

Осум месеци затвор за Игор Дашковски, потпалувачот на автомобили на бугарската амбасада – Пресудата сè уште не е правосилна

Основниот кривичен суд Скопје го осуди 44-годишниот Игор Дашковски Стојановски на осум месеци затвор за палењето две дипломатски возила пред Бугарската амбасада во Скопје, што се случи на 15 јуни годинава.

Приведен 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

На 17.11.2026 во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во с.Радиовце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело лажна дојава за бомба во гимназијаts „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

To top