Хроника

Измама со криптовалути во Велес: Кумановец платил 43.750 евра на „дигитален продавач“, кој потоа „испарил“!

Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес работи на расчистување на огромна измама пријавена од 48-годишен жител на Куманово.

Тој преку оглас на социјалните мрежи за откупување на криптовалути стапил во контакт со лице, со кое договорил трансакција во крипто-менувачница во Велес. Оштетениот предал сума од дури 43.750 евра, по што вработениот во менувачницата го уверувал дека парите се префрлени на неговата дигитална адреса.

Сепак, криптовалутите никогаш не пристигнале, а лицето со кое преговарал потоа го блокирало и својот број и телефонскиот број на менувачницата.

Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, соопшти СВР Велес.

Најнови вести од: Хроника

To top