Хроника

Основниот суд од Тетово прогласи како виновни шестмина измамници: лекар им измислил „повреди“ во непостојна сообраќајка

Основниот суд Тетово прогласи како виновни шестмина измамници од овој град, зашто довеле во заблуда полицајци и доктор во болницата во Тетово – им се појавиле, лажејќи дека се „повредени во сообраќајка“, па дури добиле и медицински извештај за „телесните повреди“ од доктор во болницата, се со цел да ја приложат таквата лажна медицинска документација пред осигурителни компании и да земат отштета.

Од шесте лица што се осудени за измама, сообраќајка имал само првиот, а петмина по негов налог лажеле дека и тие биле во возилото, открива пресудата. Првообвинетиот ги „учел“ да одат во болница и во полиција и да глумат повредени.

Виновни се зашто со намера за себе да прибават противправна имотна корист со лажно прикажување факти, ги довеле во заблуда полициските службеници во СВР Тетово и дежурниот лекар во Клиничка болница Тетово. Тоа го сториле на начин што по претходно добиени совети и напатствија од првообвинетиот, се пријавиле на преглед во ургентен центар во ЈЗУ Клиничка болница Тетово поради наводни телесни повреди настанати во сообраќајка случена истиот ден, во која учествувал само првообвинетиот. Потоа од страна на дежурниот лекар им биле издадени медицински извештаи кои имале намера да ги искористат пред осигурителните компании, за надомест на нематеријална штета, пишува во пресудата.

Секој од осудените треба да плати по 300 евра.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top