Возач на трактор од Македонска Каменица се издвојува меѓу прекршителите на Законот за безбедност во сообраќајот во минатото деноноќие по тое што земјоделското возило го управувал под дејство на алкохол, притоа предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото.
„Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив пет управувале возило без возачка дозвола, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активнс забрана и еден управувал возило под дејство на алкохол. Две лица во Скопје возеле без возачка дозвола и по еден во битолско, Гостивар и Струмица. Лицето во Струмица без дозвола управувало возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци. Возач во Македонска Каменица управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото. Додека, по еден возач во Скопје и во Кичево управувале возило со активна забрана“, е најновиот сублимат на денот од Министерството за внатрешни работи.