Македонија

Повеќе од 16.000 граѓани ја напуштиле држават апреку „Богородица“ и „Табановце“

Продолжениот викенд по повод празникот Велигден го зголеми метежот на граничните премини во земјава, а најголем метеж е забележан на премините Богородица и Табановце, каде во изминатите 24 часа поминале повеќе од 16 илјади патници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Празничниот продолжен викенд направи гужви на граничните премини за излез од државата. Најголем метеж има на премините кон Србија и Грција. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, над 16 илјади македонски државјани од вчера до денеска на пладне ја напуштиле државата преку граничните премини „Табановце“ и „Богородица“.

Така, на граничниот премин „Богородица“, во периодот од 9 април во 12 часот до 10 април во 12 часот, во државата влегле 1 394 македонски државјани, додека излегле 6 864. Во истиот период, влез оствариле 4 753 странски државјани, а 5 070 ја напуштиле државата.

Поголема е гужвата на граничниот премин „Табановце“, каде од вчера на пладне до денеска влез во државата оствариле 3 158 македонски државјани, а излез 9 150. Кај странските државјани, 7 360 влегле, додека 5 449 ја напуштиле државата.

На преминот „Дојран“, регистрирани се 241 влез и 546 излези на македонски државјани, додека кај странците 1 212 влегле, а 1 114 излегле од државата. На граничниот премин „Меџитлија“, влез во државата оствариле 129 македонски државјани, а излез 832. Кај странските државјани, 3 347 влегле, додека 3 038 ја напуштиле државата.

Дополнително, од МВР информираат дека од денеска започна целосната имплементација на новиот систем за влез во Европската унија, со што на надворешните граници се воведува дигитализиран начин на евиденција и контрола на патниците од земји кои не се членки на ЕУ.

Со новиот систем, сите влезови и излези ќе се регистрираат електронски, при што ќе се обработуваат и основни биометриски податоци, како отпечатоци од прсти и фотографија. Целта е побрза идентификација на патниците и поефикасно следење на дозволениот престој според правилото 90 дена во период од 180 дена.

Од МВР информираат и дека поради новите процедури можно е и зголемување на времето на задржување на граничните премини при влез во ЕУ.

Оттаму додаваат и дека се преземени сите неопходни мерки за непречено функционирање на граничните премини, со ставање во функција на сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, со цел да се обезбеди брз проток на патници.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вчера во телевизиско гостување рече дека Владата работи на сеопфатно и долгорочно решение за проблемите со кои се соочуваат македонските превозници, посочувајќи дека клучниот фокус е ставен на олеснување на визниот режим и подобрување на условите за работа во странство.

Со Бугарија и Грција, како што посочи, се водат разговори за целосно укинување на визите за превозниците, имајќи ја предвид честата дневна циркулација. Во меѓувреме, кажа дека Швајцарија веќе вовела ваков режим, додека во Хрватска мерките се во парламентарна процедура. Разговори се очекуваат и со Унгарија по изборите, а најавени се и дипломатски активности во Романија и Австрија.

Како земји каде што ќе треба да се постигне договор, Николоски ги посочи Германија и Велика Британија.

Во однос на новиот електронски систем, министерот појасни дека не станува збор за промена на правилата, туку за нивна поефикасна контрола. Ограничувањето за престој до 90 дена во рамки на 180 дена останува непроменето, но додава дека дигитализацијата ќе овозможи попрецизна евиденција и ќе ги елиминира досегашните слабости на системот со печати во пасошите.

 

Најнови вести од: Македонија

Втори месец по ред опаѓа довербата и се зголемува недовербата на Бугарите во владата и премиерот Радев

Само неколку месеци по формирањето довербата во бугарската влада паѓа, а паѓа и довербата во премиерот Румен Радев. Ова е веќе втор месец по ред. Вакви резултати покажува анкетата на агенцијата „Маркет линкс# спроведена за радиодифузерот бТВ на 1.002 граѓани во периодот од 11 до 19 јули.

Вреди бара одговор и одговорност од Таравари: Каде исчезнаа 7 милиони швајцарски евра за водата во Гостивар?!

Коалицијата ВРЕДИ упати серија обвинувања кон Арбен Таравари, тврдејќи дека неговите сегашни изјави се во спротивност со ветувањата што ги давал додека бил на чело на Општина Гостивар. „Каде исчезнаа 7 милиони евра помош од Швајцарија?“ – прашуваат од ВРЕДИ, додавајќи дека граѓаните заслужуваат целосна транспарентност и отчетност.

Поетот на македонската кауза Никола Вапцаров, стрелан од Бугарите на 23.7.1942: Нас ќе нѐ спаси само надежта!

Поетот на македонската национална кауза Никола Јонков Вапцаров со жесток патриотски занес им отсече на оѕверените и занемени судии во бугарскиот фашистички суд на судењето на 22 јули 1942 година во Софија: „Дејствував со полна свест дека ѝ служам на својата Татковина како нејзин верен син. Се борев за нејзината среќа, готов сум да умрам за неа!“ Пред да биде стрелан еден ден потоа, на 23 јули, ја испишува песната „Претсмртно“, во која со последниот стих му искажува љубов и му упатува вонвременскa порака на својот македонски народ: „Но в бурата пак со тебе ќе сме, / народе мој, зашто си се сакавме.“ Оваа 84-та годишнина од смртта на Вапцаров е пригода за ново навраќање кон неговиот живот и дело, кон пораките од неговото творештво. 

Силни инвестиции и оперативна извонредност: EOS Group завршува успешна деловна година

EOS Group ја заврши деловната 2025/26 година со силни финансиски резултати, рекордно ниво на инвестиции и значајни достигнувања во областа на одржливоста, потврдувајќи ја својата позиција како еден од водечките европски инвеститори во професионалното управување со побарувања.

Мицкоски: Можe ќе го намалиме ДДВ-то на горивата

Како Влада веќе донесовме мерка со намалување на дел од акцизите за бензините и за дизел горивата, за жал цената на берзите расте, денеска повторно се доближува до  психолошката граница од 100 долари за барел, рече премиерот

Најнови вести

To top