Хроника

По Холанѓанец МВР уапси и Полјак на Табановце, кој возел безобѕирно со 164 километри на час!

По преглед на системот „Безбеден град“ на граничниот премин „Табановце“ МВР уапси Полјак, кој возел со 164 км на час, на место каде што дозволената брзина е 80 км на час!

Претходно, пред неколку дена Холанѓанец беше лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, откако било утврдено дека со своето „порше“ возел со брзина од 168 километри на час, иако на делницата максимално дозволената брзина била 80 километри на час.

– На 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со возилото со брзина од 164 километри на час на место каде максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час.

М.Ј. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, извести полицијата.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top