Хроника

Почина спортскиот новинар и коментатор Сами Адеми

Македонската спортска јавност остана без еден од своите препознатливи гласови

Македонската спортска јавност остана без еден од своите препознатливи гласови. Почина новинарот и долгогодишен спортски коментатор Сами Адеми, кој со години ги следеше и коментираше натпреварите на македонската фудбалска репрезентација.

Веста за неговата смрт ја објави Фудбалската репрезентација на Македонија, посочувајќи дека зад себе оставил значаен придонес во спортското новинарство.

Во објавата се наведува дека Адеми бил новинар и коментатор кој со својата работа оставил белег во следењето на спортските настани, како и дека бил дел од бројни спортски приказни на домашната сцена.

Најнови вести од: Хроника

Обвинителството побара доживотен затвор за Трајче Бојковски, пресудата ќе биде изречена на следното рочиште

Во Основниот суд во Куманово денеска беа изнесени завршните зборови во судскиот процес против Трајче Бојковски, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство. Обвинителството побара доживотна казна затвор.

Утринава четворица битолчани се степале во казино во Битола – нападнале и вработен во обезбедувањето

Во 03:15 часот рано изутринава во казино на улица Димитар Илиевски Мурато во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода М.Н.(40) , Ш.К.(41), А.Ј.(29) и Д.Р.(34), сите од Битола.

„Чистач“ на МВР низ цела Македонија: откриени многу случаи на насилен и прекуграничен криминал, уапсени 5.628 лица!

Крим-полицијата е на терен. Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација и содејство со сите Сектори за внатрешни работи и Регионалните центри за гранични работи, од септември 2024 година спроведува Оперативна акција „Чистач“ на целата територија на Македонија.

To top