Хроника

Пожар во училиштето „Моша Пијаде“ во Тетово

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Тетово во координација со јавен обвинител. Се работи на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.

Пожар избувнал вчера претпладне во Државното средно стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово, при што шестмина вработени се здобиле со проблеми поради вдишување чад.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавата била поднесена во СВР Тетово околу 9:50 часот. Пожарот настанал во една од кабините во машкиот тоалет.

Вработените во училиштето брзо го локализирале и го изгаснале пожарот со помош на противпожарни апарати и хидрантска мрежа, со што било спречено негово понатамошно ширење.

При интервенцијата, шестмина вработени – Н.Р., И.П., М.С., А.З., Б.К. и Г.М. – биле изложени на чад и биле пренесени во Клиничкиот центар во Тетово, каде им била укажана лекарска помош.

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Тетово во координација со јавен обвинител. Се работи на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top