Хроника

Предизвикал пожар, уапсен 67-годишен Битолчанец

Пожарот бил изгаснат и нема повредени, а против осомничениот ќе биде поднесена пријава

Полицијата во Битола уапси 67-годишен човек за кој се сомничи дека предизвикал пожар на улицата „4 Ноември“.

Пожарот бил изгаснат и нема повредени, а против осомничениот ќе биде поднесена пријава.

Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 67-годишниот Б.С. од Битола. Тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на улицата „4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште.

Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна екипа од Битола, а повредени лица нема.

Увид извршила екипа од СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Хроника

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top