Хроника

Расте бројот на жртви на патиштата – Каде исчезна безбедноста во сообраќајот?!

На магистралниот пат Градско – Прилеп, кај селото Радобил, загинаа двајца – едниот на 31, другиот на 56-годишна возраст, потврди полицијата. Несреќите се чести и на градските улици, а професорите алармираат – најголем дел од сообраќајките се резултат на човечки фактор, грешки или пропусти коишто ги прават активните чинители во сообраќајот.

Патната мрежа не е доволно безбедна, состојбата е далеку од нивото на европските земји, а проблемот не е само во квалитетот на патиштата. Стручната фела со низа забелешки – на Македонија ѝ е потребен сериозен пристап, со редовни контроли и одржување. Билтените на МВР речиси секојдневно се полнат со информации за сообраќајни несреќи – последната фатална.

Расте бројот на жртви во сообраќајки низ патиштата во Македонија. За да опаѓа, мора одговорноста да биде на многу повисоко ниво, алармира експертската фела. „Четири очи“ мора да отворат и пешаците и возачите, ако сакаме бројот на жртви во сообраќајот да се сведе на минимум.

Според експертите, сообраќајната култура е на ниско ниво. Мора да се почитуваат сообраќајните правила, но и да има повеќе јавни кампањи.

Целосно функционирање на системот „Безбеден град“ се очекува на почетокот од идната година. Целта е да се смени однесувањето на учесниците во сообраќајот, оти добар дел од нив дивеат на патиштата.

Голем дел од магистралните и регионалните патишта се карактеризираат со необновена и слабо видлива сигнализација, нотира експертската фела. Како интервентни мерки за превенција, тука се наметнува идентификувањето на сите хазардни локации на патната мрежа и постапување во делот на нивна санација. Казните помагаат, но индивидуалната свест сѐ уште е ниска.

Според статистиката на МВР, од почетокот на годината до сега, имало 326 сообраќајни несреќи, предизвикани од несовесни учесници во сообраќајот. Годишниот број на загинати е над европскиот просек. Црниот биланс на нашите патишта е по околу 65 жртви годишно на милион жители, што е за четвртина повеќе од европските земји. Само лани, во сообраќајки загинале 142 лица.

Најнови вести од: Хроника

Албански медиуми: мафијашка уцена на сопственик на локал во Добарце, Тетовско, „да исплати 250 илјади евра, или ќе се соочи со последици“?!

Д.Ф. (51), жител од тетовското село Добарце, пријавил во полиција дека добил сериозни закани и барање за исплата на 250 илјади евра. Во спротивно, ако не го стори тоа, како што било наведено, „ќе се соочи со последици“. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Без цензура“.

Апсења во Скопје и струмичко, поради дрога

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода седум лица кај кои била пронајдена дрога. По целосно документирање на случаите против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.

To top