Хроника

Сакал да подмити полицаец, завршил во притвор во Србија

Управувал автомобил на автопат кај Краљево, при што ја надминал дозволената брзина и се движел по левата сообраќајна лента, иако десната лента била слободна за сообраќај

 

43-годишен државјанин на Македонија, осомничен дека им понудил мито на полицајци за да не му напишат казна за брзо возење, завршил зад решетки.

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, Управата за криминалистичка полиција и Службата за борба против корупцијата, по налог на Посебното одделение за сузбивање корупција при Вишото јавно обвинителство во Краљево, го уапсиле осомничениот, со иницијали З. А., за кривично дело давање поткуп.

Тој управувал автомобил на автопат кај Краљево, при што ја надминал дозволената брзина и се движел по левата сообраќајна лента, иако десната лента била слободна за сообраќај.

На осомничениот му е одредено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изнесен пред надлежното обвинителство.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top