Хроника

Трауми од детството: Комшика доби пријава за оштетување на топка со која си играле деца

Некогаш се смеевме за вакви комшиски инциденти, сега законот со право ги санкционира

Во Кичево деновиве се случил инцидент кој многумина возрасни го паметат како траума од детството кога некој комшија им ја искинал топката затоа што топката со која комшиските деца играле фудбал паднала во двор на ,,лошите соседи”.

Во бизарниот случај во Кичево комшика доби пријава меѓу другото за упатени закани и за оштетување на топка со која си играле комшиските деца.

На 29.08.2026 во 21.20 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека Ф.А.(53) од Кичево, фрлала со дрва кон две малолетни лица а потоа со остар предмет им упатувала закани и им ја оштетила нивната топка.

По целосно документирање на настанот, против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top