Хроника

Тројца маскирани влегле со сила во продавница во Скопје и предизвикале пожар – двајца полицајци повредени

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека е извршен увид на местото на настанот и дека се преземаат интензивни мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

Околу 04:05 часот рано утринава, во Секторот за внатрешни работи Скопје е пријавено дека три лица насилно влегле во продажен објект на улица „Тале Христов“ во Скопје, при што предизвикале пожар и потоа избегале од местото.

Полициските службеници кои први пристигнале на местото го изгаснале пожарот со противпожарен апарат. При гаснењето на пожарот, двајца полициски службеници вдишале чад и биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за медицинска помош.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека е извршен увид на местото на настанот и дека се преземаат интензивни мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

Најнови вести од: Хроника

Вчера во цела Македонија казнети 166 пешаци, поради небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин

Во текот на вчерашниот ден (17.08.2026) од 9 до 15 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава, заради казнување прекршоци, што ги прават пешаците. При контролата казнети се 166 пешаци, од кои 137, поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

Крвава драма во Батинци: Петмина ги нападнале И.М. (41) и неговиот малолетен син и им нанеле расекотини со остар предмет!

Според полицискиот билтен, синоќа околу 20 часот во СВР Скопје И.М. (41) пријавил дека во двор од неговата куќа во скопското село Батинци бил физички нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С.

To top