Хроника

Уапсени две Гркинки за кражба во трговски центар во Скопје

Грчките државјанки украле повеќе козметички производи од продавница во скопски Аеродром

Две државјанки на Грција се лишени од слобода поради кражба во продавница во трговски центар во скопската општина Аеродром.

„На 15.02.2026 во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., двете од Република Грција. Тие се сомничат дека  на 14.02.2026 во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно место во Трговски центар на подрачјето на општина Аердором одзеле повеќе козметички производи.
По целосно документирање на случјот, против двете ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Хроника

Уапсени седум безобѕирни возачи, меѓу нив пијани, со забрани, и еден малолетник!

Седум возачи завршија во полициска станица во изминатото деноноќие, поради безобѕирно возење на патиштата низ државата. Меѓу нив имало и малолетник зад волан. Најголем дел од приведените, четворица, возеле без возачка дозвола. Еден од нив бил малолетник, кој бил затекнат како управува возило во Тетово. Други случаи на возење без дозвола биле забележани  во Гостивар, Кавадарци и Прилеп.

To top