Спорт

Замина легендарниот бугарски голман Михајлов, капитен и полуфиналист на СП 1994 во САД

Eкспретседателот на БФС е трет починат од златниот тим по селекторот Димитар Пенев и дефанзивецот Трифон Иванов

Бугарската фудбалска легенда Борислав Михајлов почина денеска на 63-годишна возраст по неколкумесечно тешко боледување.

Најмногу ќе се памети како капитен и голман на златната генерација на Бугарија што на Светското првенство 1994 во САД стигна до полуфиналето, за што Михајлов директно придонесе со одбранетите два пенала во серијата удари од белата точка по 1:1 против Мексико во осминафиналето.

На тој мундијал, со Михајлов на голот, но и со Стоичков, Лечков, Балаков, Сираков, Боримиров, Пенев и другите членови на најуспешниот состав во историјата на бугарскиот фудбал источниот сосед на Македонија по стартниот пораз од Нигерија ги совлада Грција со 4:0 и Аргентина со 2:0 во групата, како и Германија со 2:1 во четвртфиналето.

Фудбалерот на Бугарија за 1986 година е една од клупските легенди на Левски, со кој во осум сезони освои по три шампионски титули и национални купови.

По завршувањето на кариерата во два наврата беше претседател на Бугарскиот фудбалски сојуз (БФС).

Заминувањето на Михалов е трето од репрезентацијата што играше за медал на мундијал по соиграчот Трифон Иванов и селекторот Димитар Пенев, кој почина на 3 јануари годинава.

Погребот на популарниот Боби ќе биде извршен на 4 април.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top