Хроника

Вечерва еден полицаец е прободен со нож – Драма во Кратово

Се заклучил во соба, полицајците ја отвориле вратата – еден полицаец е прободен со нож

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за едно лице, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 3 во врска со став 1 од Кривичен законик.

Осомничениот 40-годишник од Кратово, на 11 септември, нападнал службено лице при вршење работи на јавната безбедност кои се однесуваат на спречување на кривично дело и на полицискиот службеник му нанел тешка телесна повреда.

Кога двајца полицајци употребиле сила и ја отвориле заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, тој ги нападнал. На еден од полициските службеници со ножот му нанел тешки телесни повреди – прободна рана и посекотина.

Ценејќи ја опасноста од бегство и можноста да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top