Хроника

Возач од Македонија загина во судир на два камиона на автопат во Италија

Станува збор за 54-годишен македонски државјанин од Тетово, роден во Хрватска

Во судир меѓу два камиона на автопат во Италија загина македонски државјанин од Тетово, роден во Хрватска, објави порталот на албански јазик „Журнал“.

Станува збор за 54-годишниот возач Гзим Даути, кој го загуби животот по ударот на едниот камион во задниот дел на другиот вчера околу 13 часот на 186. километар од автопатот А21 помеѓу Пјаченца и Кремона, во близина на Кастелветро, ​​во областа Ла Вила.

Веднаш по судирот, интервенирале спасувачки екипи од две амбулантни возила и од хеликоптерот за итни случаи од Парма. На местото на настанот пристигнале и пожарникари од Кремона и од Фиоренцуола за да го извлечат Даути, кој бил заробен во возачката кабина.

И покрај обемните напори за реанимација, возачот на камионот починал на местото на настанот.

Сообраќајната полиција во Кремона, која има надлежност над овој дел од патот, ја реконструира динамиката на судирот.

Најнови вести од: Хроника

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top